Утрово минусни температури и магла а попладне пријатно изненадување

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево, а попладне со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот веќе ќе биде значително облачно со умерен до засилен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум, а дневната од 20 до 25 степени.

В сабота ќе има локален дожд и ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика пад на дневната температура за околу осум степени. Во недела преку денот ќе биде стабилно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд, и снег на планините

 

 

 

27.10.2017 - 07:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега