Денес е женски празник: Девојки вечерва направете го ова и ќе го сонувате вашиот иден сопруг

Денес славиме Света Петка, која се смета како женски празник.

 Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Се смета дека Света Петка е женски празник и затоа на овој ден сите жени треба да се молат на оваа светица, посебно оние кои се мажени а немаат пород.

Спрема народните верувања денес жените не треба да работат а девојките кои не се мажени треба денес да берат цвеќе и со него да го украсат својот дом, да облечат нова облека со цел да ги прати среќа наредната година.

Исто така оние кои не се мажени треба да јадат од лепчето вратено од црква а трошките да ги соберат и да ги стават под преница и да преспијат. 

Се верува дека ќе го сонуваат идниот сопруг.

 

 

 

 

 

27.10.2017 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега