Милошевски:Моето мислење е дека народот е посилен и затоа Захариев ќе биде нивниот конечен избор

Моето скромно мислење е дека на многу места имаме градоначалници кои се истакнати. Во Штип имаме градоначалник кој е истакнат во својата општина и е познат воркохолик, човек кој работи од 6 сабајле до 9 навечер, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Гледаме дека владата на РМ предводена од Заев и сите министри се последниве денови во Штип и се борат против Илчо Захариев- и Оливер Спасовски и Никола Димитров и министерот за земјоделство и премиерот и разни олигарси кои се во Штип и околината, влијателни со финансиски средства. Мојата прогноза е дека Илчо Захариев, како поединец, заедно со народот на Штип ќе ја победи целата влада во недела и ќе имаме прилика да му честитаме, рече Милошоски и додаде:

 

 

„Нашите кандидати ги следат, ги прислушкуваат, одат со началници на УЈП, со началници на други подрачни министерства, се закануваат на луѓе, прават поткуп кај социјално ранливи категории вклучително и во Штип, користат многу нечесна игра, но на крајот сепак ќе изгубат. Ја користат цела влада иако тие 3 години на народот и на државата и држеа предавања, дека партијата треба да се раздели од државата, а сега гледаме дека цела една влада е дојдена во Штип да го победи Илчо Захариев. Моето мислење е дека народот е посилен и затоа Захариев ќе биде нивниот конечен избор, за доброто на Штип и за да се покаже достоинството на штипјани“.

 

 

 

 

27.10.2017 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега