Без проблеми гласаат болните и изнемоштените во неколкуте општини во Тиквешко

Без проблеми гласаат болните и изнемоштените лица во неколкуте општини во Тиквешко. Во Кавадарци гласаат 128 болни и изнемоштени, а 35 кавадарчани го остваруваат своето право на глас во затвор. Избирачкиот список брои 32.706 кавадарчани со право на глас. Како што информира претседателот на Општинска изборна комисија Зоран Костов, утре ќе се гласа на 60 избирачки места.Стојна Топчиева, претседател на Општинска изборна комисија Демир Капија, соопшти дека во тек е гласањето на 66 болни и изнемоштени лица. Еден демиркапиец гласа во затвор. Вкупниот број на граѓани со право на глас во избирачкиот список е 3.405, а утре своето уставно право на глас демиркапијци ќе можат да си го остварат на 11 избирачки места.

 

Педесет болни и изнемоштени лице гласаат во текот на денешниот ден во Росоман, како и еден затвореник, вели Лазар Симоновиќ, претседател на росоманската Општинска изборна комисија. Во избирачкиот список се евидентирани 3.410 избирачи, а утре росоманци ќе можат да избираат на десет изборни места.

 

 

 

28.10.2017 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега