Во Гостивар и Врапчиште избирачките места навреме отворени

 

Според информациите од двете општински изборни комисии во гостиварскиот регион во кои се одржува вториот круг од изборот за градоначалник, гласањето започнало навреме и без потешкотии. Избирачките места се отворени во предвиденото време.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.632 лица кои ќе гласаат на 121 избирачко место.

Во општина Врапчиште денеска се гласа на 39 избирачки места каде правото на глас можат да го остварат  25.371 лица

Вчера во двете општини гласаа притворениците и болните и изнемоштени лица. 

 

 

 

29.10.2017 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега