Денешното беше последно: Повеќе нема да има зимско и летно сметање на времето?

Европјаните вечерва ги поместија часовниците за еден час наназад, а можно е тоа да го прават за последен пат во нивните животи. Имено, околу 70 пратеници во Европскиот парламент побараа укинување на промената на времето два пати годишно. Тие сметаат дека насилната промена на времето претставува беспотребно трошење.

Нешто слично во 2011 година направија Русите, кога го вратија часовникот за еден час на пролет и останаа на летното сметање на времето, кое што го корегираа во 2014. враќајќи се на оригиналното зимско сметање и оттогаш не се менуваат.

Менувањето на времето помеѓу летно и зимско сметање се критикува како „опасна и безвредна“ навика, која што одамна ја надмина и не ја исполнува целта на заштеда на енергија. Според критичарите, таа цел никогаш не е исполнета, а во 21 век, односно во топлите летни ноќи, се троши дури и повеќе енергија на клими и вентилатори.

– Истражувањата покажаа дека 20 отсто од популацијата пати од здравствени проблеми поради менувањето на времето, истакна Павел Свобода, чешки европратеник.

Според критичарите, во Европа во неделата кога се менува времето се случуваат 30 отсто повеќе сообраќајни несреќи. Некои деца имаат послаб успех во школа, а вработените работат понеефикасно.

Во одредени ЕУ земји, како што се Германија, Белгија, Франција, Финска, Шведска, Словачка, Чешка и Холандија, започнати се кампањи и петиции кои се залагаат за користење само на летното сметање, па не би било изненадување доколку во ноември, Европскиот парламент ја изгласа таа резолуција.

Тоа што е интересно, во тој случај, би живееле во сатница која што не е природна, туку е конструирана пред скоро еден век. Причините за тоа се првенствено економски, со оглед на тоа дека луѓето често остануваат надвор.

Летното сметање на времето е смислено пред 110 години од страна на Вилијам Вилет, кој забележал дека Британците во лето спијат кога сонцето изгрева, а за време на ноќта палат свеќи за да работат.

Неговата идеја од почеток била измеана, а една година по неговата смрт во 1915 година, Германија го усвои неговиот предлог. Месец дона подоцна примерот го следеле и Британија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска и Турција.

 

 

 

 

29.10.2017 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега