Во Гостивар до 13 часот на гласање излегле околу 20 отсто од запишаните избирачи

Според информациите од ОИК Гостивар, на гласање до 13 часот излегле 19,42 отсто од запишаните избирачи, односно 15.458 лица.

Во избирачкиот список за општина Гостивар има вкупно 79.632 лица кои ќе гласаат на 121 избирачко место.

Во вториот круг од избор на градоначалник, гласањето се одвива без потешкотии и тоа утрово започнало навреме.

Досега не се пријавени нарушувања во избирачкиот процес.

 

 

 

29.10.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа