Повеќе брачни двојки денеска беа венчани во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“

Повеќе брачни двојки денеска беа венчани во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје на групна венчавка за православни верници кои се во граѓански брак, а од разни причини не биле венчани во црква.

 

Брачните двојки добија осветена икона од Пресвета Богородица, а за највозрасниот брачен пар беше подготвен посебен подарок.

Групната венчавка ја организираше Скопската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Граѓаните кои имаа желба за црковна венчавка претходно беа пријавени кај парохиските свештеници.

 

 

 

 

 

29.10.2017 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега