Спремете ги јакните: Вечерва доаѓа нов пад на температурите

Сончево со мала до умерена облачност, во текот на денот малку потопло.

 Попладне на повисоките места и на планините во западните делови се очекува особено силен ветер кој повремено може да надминува брзина од 90 км/час. 

Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има продор на студена воздушна маса од север со засилен северен ветер. Во северните и западните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег, но не се очекува врнежите да бидат обилни.

Утре преку денот облачноста ќе се намали, но во источните делови и долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 10  Целзиусови степени, а дневната максимална до 17 степени.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување

 

 

 

29.10.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега