Во Долнени до 17 часот гласале 49,3 проценти од избирачите

 Непречено и без проблеми се одвива изборниот процес во општина Долнени, информираат од општинската изборна комисија. До 17 часот на гласање излегле 49,3 проценти од вкупно запишаните 11.520 избирачи кои денеска во вториот изборен круг гласаат на 40 избирачки места.
 
- Гласањето се одвива без проблеми. Избирачите го остваруваат своето право на глас. До 17 часот гласаа 49,3 насто од избирачите. Традиционално, во последните часови до 19 часот кога ќе се затворат избирачките места се зголемува интензитетот на гласање, изјави Зоран Здравески, претседател на ОИК во Долнени.
 
Вториот круг од локалните избори во општина Долнени го следат набљудувачи од ОБСЕ и од МОСТ.
 

 

 

29.10.2017 - 17:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега