Груевски: Уште поголеми нерегуларности во вториот круг од изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денес го оствари своето право на глас. Тој гласаше за вториот круг од локалните избори во општина Кисела Вода.

Тој им се заблагодари на сите граѓани кои гласаа денес, пред се оние кои гласот го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, но и на сите останати.

 

-Им се заблагодарувам на сите кои денес излегоа да гласаат и да помогнаа во градење на една демократска атмосфера која што за жал, во овој период не можевме да ја видиме. Имено, колку што имаше нерегуларности во првиот круг на гласањето, тие уште повеќе се зајакнаа во вториот круг. Претежно се манифестираат во две форми, едната форма е масовен поткуп на граѓаните како никогаш досега во Македонија, во заштита на полицијата контролирана од СДСМ и второто е закани, притисоци, уцени од страна на активистите на СДСМ претежно кон наши гласачи и активисти, но и кон други граѓани за кои не се сигурни дали ќе гласаат за нив, потенцира Груевски.

-На секои избори имало поплаки од вакви закани, уцени, притисоци, но овој пат тоа е многуструко зајакнато. Луѓето отворено се уценуваат со губење на работа особено администрацијата со разни уцени, закани и кривични пријави. Тоа е масовно, тоа е организирано, тоа е системски. Како што поткупот е направен масовно, организиран и системски така и заканите, притисоците , уцените и заплашувањата се масовни и системски, рече Груевски по гласањето.

Порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да биде скршено со ова.

 

 

 

29.10.2017 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега