ДУИ: Изборите демократски, граѓаните слободно ја изразија својата волја

Оценката на ДУИ  е дека изборите беа демократски, а граѓаните слободно ја изразија својата волја, изјави шефот на изборниот штаб на партијата Арбр Адеми по затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори.

- Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат, рече Адеми. 

Додаде дека кога партијата ќе ги има првите резултати, ќе ги сподели со јавноста. 

 

 

 

29.10.2017 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега