Груевски: ВМРО-ДПМНЕ не ги признава овие избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференција вечерва обвини дека изборите биле нерегуларни и недемократски и дека активисти на СДСМ вршеле притисок, а полицијата молчела бидејќи е под дирекна закана на СДСМ.

- По првиот круг од гласањето видовме пукање, сликање активисти на СДСМ со оружје пред партиски штаб во Бутел за кој МВР не се произнесе, напад со нож врз Стефче Јакимовски од ГРОМ, од лице кое за трговија со дрога треба да е во куќен притвор. Медиумите пишуваа за поткупи, убиен носител на советничка листа, скршен череп на градоначалник и други нерегуларности, изјави Груевски.

Груевски истакна дека дел од гласовите не ги добил заради некои грешки и разочарувања кај поддржувачи или незадоволства од поединци.

- Ќе направиме длабинска анализа, ќе ги исправиме грешките, или да се објаснат на најсоодветен начин, изјави тој.

Според него во Македонија денеска немало избори туку недемократски чин од страна на СДСМ за операцијата за редефинирање на државата.

- Ова е најжесток напад да се уништи ВМРО-ДПМНЕ. Најголем противник ни беше полицијата која брутално се ангажираше за СДС, вели тој и додава дека полицијата која секогаш имала почит и поддршка паднала на испитот.

Според Груевски изборното насилие ќе се зголемува, но борбата за народот на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи. Токму поради заканите и кривичните дела и согласно одлуката на извршниот комитет ВМРо-ДПМНЕ не ги признава изборите.

Груевски побара организирање предвремени парламентарни избори согласно пржинскиот модел спроведени од техничка влада како парламентарните избори 2016.

- Заев ако си силен да одиме на избори, рече Груевски.

 

 

 

 

29.10.2017 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега