Резултатите од гласањето во сите скопски општини

Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, во скопската општина Бутел води Велимир Смилевски од СДСМ со 57,08 отсто, пред Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ со 39,94 отсто од гласовите.

Во Кисела Вода со 50,41 отсто води Филип Темелковски пред Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ со 46,32 отсто.

Во Гази Баба води Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ со 49,29 отсто од гласовите, пред Борис Георгиевски од СДСМ кој има 47,40 отсто.

Во Чаир води Зекирија Ибраими од БЕСА со 48,61, пред Висар  Ганиу од ДУИ со 48,29.

Во Сарај Блерим Беџети од ДУИ води со 60,17 отсто, пред Башким Бакиу од БЕСА кој има 38,86.

Во Шуто Оризари води  Курто Дудуш од СДСМ со 49,78, а Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите има 47,14 отсо.

 

 

 

29.10.2017 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа