Ружди Љата прогласи победа во Дебар

На денешниот втор круг од локалните избори дебарчани повторно му ја дадоа довербата на Ружди Љата, кој на оваа функција беше и изминатите четири години.

Според изборниот штаб на ДУИ за Дебар, Љата добил над 700 гласови повеќе од неговиот против кандидат Арбен Аголи од Алијансата за Албанците.

Во седиштето на огранокот на ДУИ веќе се слави победата.

Според Општинската изборна комисија изборниот процес минал без проблеми.

 

 

 

29.10.2017 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа