Заев: Груевски да го преиспита ставот, нема да има предвремени избори

По прес-конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој не ги призна изборите и побара итни предвремени парламентарни избори, прес-конференција имаше и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.

- „Се надевам дека ќе изнајдат сили да се однесува како сериозен политички субјект, бидејќи за нив гласаа огромен број граѓани. Апелирам до раководството на ВМРО-ДПМНЕ во прв план да ги стави интересите на граѓаните на Република Македонија. Изборите беа фер и демократски, изјави тој.

Според него победата на изборите значела дека има две пораки од народот, дека се движат во правилна насока и дека и да има предвремени избори и сега се знаат резултатите и тоа за кого народот ќе гласа.

Тој побара ВМРО-ДПМНЕ да го признаат поразот.

 

 

 

29.10.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега