И во Јегуновце победа на кандидатот на СДСМ

Кандидатот за градоначалник во општина Јегуновце од СДСМ, Дарко Блажески, извојува победа против кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коцески. Гласовите во општината се целосно пребројани, а Блажески извојува победа со повеќе од 1000 гласови.

Она што е интересно е дека во оваа општина последните четири мандати беа во рацете на Коцевски, кој овојпат изгуби во трката за градоначалничката функција.

Во Јегуновце до 19 часот гласале 4.433 гласачи, а излезноста изнесува 43,19 отсто.

 

 

 

29.10.2017 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа