Касами: ДУИ загуби на овие избори и стана огранок на СДСМ

Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ, вечерва изјави претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, додавајќи дека ако се земат предвид гласовите на Албанците ова партија има двојно повеќе гласови во споредба со ДУИ.

-ДУИ се трансформира во огранок на СДСМ, рече Касами додавајќи дека оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци. „ДУИ веќе ја нема, но затоа има еден огранок на СДСМ“.

Касами кажа дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ, и затоа побара предвремени парламентарни избори. 

 

 

 

29.10.2017 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега