Наутро кочан, потоа сонце - временска за цела недела, не чека промена

 

Времето во Македонија ќе биде сончево, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови и долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од осум до 17 степени. Во Скопје ќе биде сончево, претпладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Од вторник времето ќе биде претежно сончево и студено со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Кон крајот на неделата ќе има благо затоплување.

 

 

 

30.10.2017 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега