Работна посета на Иванов на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Од Кабинетот на Иванов информираат дека за време на престојот во Лондон, претседателот ќе оствари средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер.

 

-Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“,  Лорд Крис Патен.  Македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема: “Македонија, миграциите и безбедноста:научени лекции“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

За време на работната посета претседателот Иванов ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора во Велика Британија и ќе ја посети црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон.

 

 

 

30.10.2017 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега