Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на фестивал во Србија

Никола Ристановски доби награда за најдобар актер на 25. Меѓународен театарски фестивал на класици „Вршачка театарска есен“ во Србија. Наградата ја доби за улогата Иванов во истоимената претстава по текст на Антон П. Чехов, во продукција на Народно позориште Белград.

Вршачка јесен фестивал

- Стручното жири, во состав: Слободан Савиќ (претседател на жирито и театарски критичар), Душан Белача (писател) и театарскиот режисер Александар Швабиќ, едногласно ја донесе одлуката наградата за најдобар актер да му се додели на Никола Ристановски. Ова е негова 48 награда, соопшти Македонскиот народен театар.

Оваа претстава во јуни годинава гостуваше и го затвори 4. Меѓународен фестивал МНТ Фест во Скопје. Режијата и адаптацијата се на Татјана Мандиќ-Ригонат. На матичната сцена во Белград претставата премиерно е изведена во октомври минатата година. 

 

 

 

30.10.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега