Бејта се повлекува од политиката на неодредено време

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, по завршувањето на вториот круг од локалните избори најави дека се повлекува од политиката на неопределено време и уште еднаш му ја честита победата на неговиот противкандидат Арбен Таравари.

– Јас сум демократ и ја почитувам волјата на граѓаните. На мојот противкандидат, кој нема програма, му посакувам успешно раководење со општината. Јас се повлекувам од политиката, но ако граѓаните од мене побараат да го дадам својот придонес тоа ќе го направам, рече Бејта на прес-конференцијата која се одржа во зградата на Општина Гостивар.

Тој на новинарско прашање дали ќе прифати функција во извршната власт не даде прецизен одговор – дека ќе прифати ангажман доколку граѓаните тоа од него го побараат.

Бејта ја критикуваше квалификацијата на неговиот противкандидат кој на синоќешната прес-конференција го нарече „мал диктатор“ со зборовите дека тој не е диктатор, бидејќи бил само градоначалник.

 

 

 

30.10.2017 - 13:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа