Утре е голем празник - една работа никако не треба да ја направите

Утре на 31-ви октомври се празнува Свети Лука, заштитникот на медицината, лекарите но и основачот на иконописот.

Свети Лука е еден од првите проповедници на христијанството, современик на Исус Христос. 

Еден од најпочитуваните заштитници на лекарите и многу семејства го слават, а во народот тој ден е познат и како Лулинден.

Во списите на старогрчки и црковнословенски јазик тој светец се опишува како „верен лекар на душата и телото". Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства. Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги налсикал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата" која го претставува Светиот Лука и во прспектива иконата на Богородица која светителот на отсликува. Тој се смета за основач на христијанскиот иконопис.
Според богослужбениот календар на МПЦ овој ден не е обележан со црвени букви, туку е како „црно слово" поврзан со празниците од значење за суштината на Црквата. Верниците го слават и како исцелител и заштитиник на поедини занаети. Како свој заштитник го слават и образовните установи.
Свети Лука својот живот го завршил во 84 година, а христијанската традиција вели дека тој го напишал Светото евангелие по Лука-третото евангели )по редослед во новиот завет) и Дела апостолски.
Неговите мошти се чуваат во Цариград, а се смета дека стапалото на Свети Лука кое се чува во еден манастир во Црна Гора лекува болести на очите.

За утрешниот ден се смета дека никако не смеете да бидете лути и нервозни, да се впуштате во кавги и расправии, бидејќи Свети Лука бил благ и мирен и секогаш им помагал на луѓето.

 

 

 

30.10.2017 - 17:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега