Температурите под нула, најстудено во Берово - доаѓа студ

Минусни температури изутринава се ргистрирани во повеќе места во Македонија. Најстудено е во Берово каде што се измерени минус шест спепени, во Маврово и Лазарополе минус пет, во Крива Паланка минус четири, а во Скопје, Битола, Тетово и Струмица минус три степени.

Под нулата е и во Кушево, Демир Капија, Дебар и Прилеп.

Времето денеска, спроед УХМР, ќе биде сончево и свежо со мала облачност претежно на југот од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Температурата ќе се двкижи од 8 до 14 степени. Во Скопје сончево и свежо со слаб до умерен ветер од северен правец и температура до 12 степени. 

 

 

 

31.10.2017 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега