Се прави место за БЕСА во Владата на Заев?

 

Новоизбраниот градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во интервју за Алсат потврди дека Алијансата за Албанците останува во владата, а запрашан за тоа дали може да се очекува во Владата да влезе и коалицискиот партнер за вториот круг од локалните, БЕСА, тој рече дека АА е за Владата да биде постабилна поради евроатланските интеграции на земјата. Тој нагласи дека бараат коректност и од другите коалициски партнери.

Таравари зборуваше и за разликата во ставовите во својата партија, во однос на неговата победа и истовремено, непризнавањето на резултатите од страна на партискиот лидер Зијадин Села кој изгуби во Струга.

– Јас немам точни информации што се случило во Струга, не сум се видел со лидерот, се слушнавме по телефон, ми честиташе. Ќе седнеме со него, ќе анализираме, ќе видиме дали имало злоупотреби во гласачките места во Струга. Знам дека тој е морален победник во Струга, бидејќи во првиот круг го победи Рамиз Мерко, како и во однос на советничката листа, и сега зеде огромен број на гласови меѓутоа не знам како се случило… рече Таравари.

Се уште не може да се добие став од поголемите партии кои се дел од владината коалиција, дали идејата за влез не БЕСА во Владата е прифатлива. Со став нема излезено ниту партијата на Касами, па останува да се види, дали изјавата на Таравари е само пробен балон за да се испита теренот или пак станува збор за личен став кој воопшто не е координиран со останатите партнери во владината коалиција

 

 

 

 

 

31.10.2017 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега