На денешната собраниска седница констатирани оставките на пратениците кои станаа градоначалници
Собранието на Република Македонија денеска на почетокот на 18. седница ги констатира оставките на пратениците кои во првиот круг од локалните избори добија градоначалнички мандати.
Петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите се Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски. Нивните пратенички места, како што објави МИА, се очекува да ги заземат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадинов, Агим Муртезанов и Костадин Ацевски.
Собранието денеска констатира престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите.
Собранието ќе продолжи со работа околу 13:00 часот откако ќе добие известување од ДИК кој ќе ги замени овие пратеници.
На денешната седница присуствуваат пратениците и од владејачкото мнозинство и од опозицијата. Новите градоначалници по констатирањето на престанокот на нивниот мандат се поздравија со претседателот на Собранието и со нивните колеги кои им посакаа успешна работа.
Се очекува уште една измена на собранискиот состав откако во вториот круг од локалните избори градоначалници станаа Благоја Бочварски во Штип и Курто Дудуш во Штип. Престанокот на нивниот мандат ќе биде констатиран откако ДИК ќе ги прогласи резултатите од вториот круг на изборите за конечни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа