Детали: Обвинетите во Диво насеље ја пееја албанската химна во судницата и се заканија дека никогаш нема да има мир во Македонија

Основниот Суд Скопје 1 денеска ја изрече пресудата за хоророт од Диво Насеље. На 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Со тоа заработија повеќе од 700 години затвор.

Дел од обвинетите одбиваа да влезат во судницата, а четворица овинети кои беа внатре ја пееја на цел глас албанската химна, извикуваа „да живее УЧК“, ги соблекоа блузите и се заканија дека судијката нема мирно да спие и во македонија никогаш ќе нема мир.

По ова беа отстранети од судницата.

 

 

 

02.11.2017 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега