Седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата

 

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница ќе ја утврди одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија.

На дневен ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на одлуките за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Националниот совет за евроинтеграции, на пратеничките групи на Собранието на РМ за соработка со парламенти на други држави, како и на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисијата ќе ги утврдат измените на одлуките за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на собраниските делегации во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, во Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација и во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На дневен ред е повлекувањето на Предлог одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието на РМ од 14.07.2017 година, како и утврдувањето на Предлог - одлуката за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија. 

 

 

 

03.11.2017 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега