Голема трагедија во скопско: Семејството го пронашло мртов

Педесет и седум годишниот М.А. од скопски Добридол вчера околу 10 часот и 45  инути бил пронајден мртов на нива од страна на членови на семејството.

Како што информираат од полиција, лицето било пронајдено починато на местото викано Шарковец.

 

М.А. на 31-ви октомври заминал со трактор на нива за да изведува земјоделски работи. Тој бил пронајден на десетина метри паднат од тракторот кој пак удрил во дрво.

По извршениот увид утврдена е смрт без траги на насилство, а телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

 

 

 

03.11.2017 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега