Во голем пожар изгоре куќата на едно македонско семејство

Пожар ја зафати куќата на семејството на Павле Митевски во Грнчарско маало во каменичка Косевица. Пожарот најверојатно избувнал поради неисчистен оџак.

Како што истакна Малин Трајчевски командир на Територијалната противпожарна единица Македонска Каменица, приjавата за пожарот е примена синоќа во 22:15 часот, а било интервенирано со две противпожарни возила.

- Интервенцијата започна веднаш кога стигнавме на лице место. За жал пожарот беше во напредна фаза и се што можевме да направиме е да го спасиме долниот спрат, но не можевме да го спасиме горниот спрат и корвната конструкција. Според нашите првични сознанија и според информацијата од сопственикот на куќата, пожарот започнал да се шири од неисправна димоводна инсталација, рече Трајчевски.

Несреќата на семејството на Павле Митевски ги организираше каменичани кои организираат хуманитарна акција за собирање помош. Горан Ристевски, жител на Македонска Каменица, истакна дека попладнево ги очекува сите хумани луѓе да донираат средства и се што можат, а донациите ќе се собираат кај споменикот на рударот во центарот на градот.

-Апелирам до сите граѓани да помогнат на ова семејство, бидејќи останаа без ништо. Во пресрет на зимата овие луѓа останаа на улица. Секаква помош е добредојдена и треба веднаш да се реагира за да им се помогне, рече Ристовски.

Досега каменичките пожарникари два пати интервенирале на запалени оџаци во домаќинствата. Пожарникарите апелираат до граѓаните редовно да ги чистат оџаците за да се превенираат пожари кои можат да донесат сериозни последици за животот и имотот на граѓаните.

 

 

 

03.11.2017 - 16:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега