Очевидец раскажа за убиството на Јанушев:„ Можеше да биде убиен и мојот син“ (видео)

Oчевидец вечерва пред телевизиските камери раскажува за убиството на фудбалерот Мартин Јанушев вечерва во скопската општина Аеродром.

Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале и веднаш побегнале оставајќи го пиштолот зад себе. 4 до 5 куршуми завршиле во главата и во вратот на 25 годишното момче. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле во Градската хируршка болница, но било предоцна.

Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице.
Соседите велат дека се се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува се било веќе завршено.

Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив и е познат на полицијата. Тие засега се во бегство.

 

 

 

03.11.2017 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега