Полицијата се уште трага по убијците на фудбалерот Јанушев кој синоќа беше застрелан

Недоразбирање помеѓу двајца пријатели синоќа заврши со престрелка во скопски Аеродром.

Според неофицијални информации, убиството на Мартин Јанушев го извршиле две лица, од кои едниот бил негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна. Напаѓачот е познат и во скопското подземје.

Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.

Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за  прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Соседите велат дека се се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува се било веќе завршено. 

Убијците засега се во бегство, а полицијата ги презема потребните мерки за пронаоѓање на сторителите.

 

 

 

04.11.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега