Тешка сообраќајка во Македонија - тинејџерка прегази жена пред продавница

Вчера околу 18:20 часот во село Вевчани – Струга пред продавницата „ЗИ“, се случила сообраќајна незгода во која возило „БМВ“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Ф.П. од село Вевчани удрила во 53-годишната С.Р. од истото село, стои во соопштение од полицијата.

Во незгодата со тешки телесни повреди (фрактура на череп) се здобила С.Р. и по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Струга со медицинско возило е испратена во Клинички центар-Скопје на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица -Струга.

 

 

 

04.11.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега