Нови детали за грабежот на банка во Бутел

Во соопштение од МВР е објавено дека вчера околу 09:30 часот во Скопје на улица „Бутелска“ бб во експозитурата на „Халк банка“, три лица, со фантомки на главите и вооружени со пиштоли влегле во банката и почнале да викаат, по што отишле на шалтерот за кредитирање и од вработениот побарале пари.

Како што стои во соопштението, вработениот на шалтерот за кредитирање им рекол дека кај него нема пари, почнале да го удираат со пиштол по главата, го одвлечкале до шалтерот за наплата каде биле уште двајца вработени и од фиоките на шалтерот број 1 и 2 и од сефот одзеле околу 1.150.000 денари, а на еден од клиентите во банката, му одзеле од раце 50.000 денари кои сакал да ги уплати. Извршен е увид на местото на настанот и

Полицијата презема потребни мерки за пронаоѓање на сторителите. 

 

 

 

04.11.2017 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега