Се вештачат трагите пронајдени на местото каде што беше убиен фудбалерот

Вчера околу 17:40 часот на улица „Владимир Комаров“ во Скопје непознато машко лице, со огнено оружје пукало во дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев, а полицијата сѐ уште трага по сторителите. Според информации на МВР, Јанушев веднаш бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“, а во 18:45 часот повредениот починал.

Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за  прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице.

Според информации на телевизијата 24, се врши и сослушување на сведоци кои биле на местото каде што се случи убиството со цел да помогнат за утврдување на идентитетот на напаѓачите.

Според исказите на очевидците поранешниот фудбалер бил застрелан со 4 или 5 куршуми во пределот на главата, а на пат до болница им подлегнал на повредите.

 

 

 

04.11.2017 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега