Тепачка во ресторан во Скопје - едно лице итно однесено на Ургентен

Синоќа околу 2 часот во Градската општа болница “Наум Охридски“ донесен бил повреден 37-годишниот Е.А. од Скопје кој се здобил со повреди при нарушен јавен ред и мир во угостителски објект лоциран на ул. “Димитрија Чуповски“ во Скопје.

Откако му биле извршени лекарски прегледи, Е.А. е префрлен на Одделението за Максиофацијална хирургија при Ургентен Центар каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда - фрактура на вилица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

04.11.2017 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега