Целосно изгоре куќа во Скопје - маж се бори за живот на Клинички

Синоќа во 22:25 часот во Скопје на улица “Максут Садик“ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на 66-годишниот С.Н. Истиот се здобил со изгореници од втор и трет степен во пределот на рацете и главата и пренесен е во Клинички центар “Мајка Тереза“ каде од страна на доктор констатирани му се тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Според информации на МВР од пожарот е опожарена речиси целата куќа. 

Пожарот е изгаснат од страна на Бригада за противпожарна заштита во 23 часот. 

 

 

 

04.11.2017 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега