Жена со сомнителен багаж уапсена на аеродромот „Александар Велики“

При извршена анализа на рендген снимка во рачниот багаж на 67-годишната К.З од село Стрелци-Кичево бил пронајден куршум од непознат калибар. Пријавената патувала во придружба на нејзиниот 44-годишен син А.З.

Како што известува полицијата, вчера во 18 часот на излезот од Република Македонија, на аеродромот „Александар Велики“ е уапсена К.З., по што во 19 часот е предадена на инспектори од Региналниот Центар-Запад за понатамошна постапка.

 

 

 

04.11.2017 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега