Десетгодишно дете се повредило со крушум - веднаш префрлено на скопските клиники

Десетгодишно дете, играјќи си во куќата на неговиот дедо во село Зубовце во Гостивар, додека бил сам во една од собите, со леткум загревал куршум од гасен пиштол во пределот на капислата, при што истиот пукнал и му нанел повреда во пределот на показалецот на левата рака, јавуваат денеска од МВР.

Повреденото дете е пренесено во Медицински центар -Гостивар и по укажаната лекарска помош е пренесено во Медицински центар -Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица - Гостивар

 

 

 

05.11.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега