Заменик министерот за земјоделство исклучен од партијата - ќе се бара разрешување и во Владата

 

Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Власте Димковиќ од Српската партија, во саботата е исклучен од партијата, а ќе се побара и негово разрешување од Владата затоа што работел против интересите на сопствената партија и коалицијата на СДСМ на локалните избори, пишува порталот СДК.

 

Според информациите, Димковиќ во Старо Нагоричане работел против интересите на коалицијата на СДСМ и го поддржал кандидатот на Јанко Бачев.

Поради тоа, кандидатот на СДСМ и коалицијата не победил уште во првиот круг, поради што, заменик министерот бил исклучен од партијата.

„Нашиот статут предвидува секој кој ќе работи против интересите на партијата да биде под итно исклучен. Димковиќ призна дека згрешил и беше изненаден од една ваква крупна одлука, но ние нема да попуштиме и ќе бараме негова смена од заменик министерското место“, изјави Мирослав Јовановиќ, претседател на Српската партија во Македонија и пратеник од Куманово за СДК.

Нема информации кој би бил наследник на Димковиќ во Министерството за земјоделство.

 

 

 

 

 

06.11.2017 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега