Со возилото удрил во билборд - детали за несреќата во која замина Стефановски

Во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во Скопје, загина Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија. 

Како што информираат  од полицијата, Стефановски управувајќи возило „Рено меган“ со прилепски регистарски таблици околу еден часот по полноќ излетал од патот и удрил во сообраќаен знак и рекламен билборд на крстосницата од булевар „Александар Македонски“ и сервисната улица која ги поврзува со кружен тек булевар „Никола Карев“ и улица „Беласица“.

Со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде во 01:20 минути им подлегнал на здобиените повреди.

 

 

 

06.11.2017 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега