Битола: Им заѕвониле на врата, ги фатиле за врат и ги претепале

Околу 22 часот во Полициска станица -Битола, 25-годишната Н.Т. од Битола пријавила дека околу 20 часот и 30 минути две лица дошле и го побарале нејзиниот сопруг А.Т. при што по кратка расправија, заради наводни нерасчистени односи, едното од нив ја фатило за вратот и почнало да ја дави, додека другото лице физички го нападнало нејзиниот сопруг.

Во текот на настанот лицата од Н.Т. одзеле 3.000 денари и со возило го напуштиле местото на настанот.

За време на настанот, А.Т. удрил со рака во стакло при што се здобил телесна повреда-расекотина на десната рака.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

 

 

06.11.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега