Битолчанец се застрелал со пушка, итно опериран

Пет минути пред полноќ во Секторот за внатрешни работи Битола, телефонски се јавил 43-годишниот С.Ф. кој пријавил дека во Клиничката Болница во Битола, пренесува повредено лице од огнено оружје.

Од страна на екипа при Секторот за внатрешни работи Битола било констатирано дека С.Ф. околу 13 часот и 30 минути заедно со неговиот пријател, 35-годишниот М.С.отишле на лов, во близина на Ѓавато. По завршувањето со ловот, околу 22 часот и 30 минути двете лица, со возилото се паркирале на паркинг на патот Битола-Ресен и додека биле надвор од возилото С.Ф. му ја дал наполнетата пушка, негова сопственост, на М.С. и се оддалечил од возилото.

Но тогаш слушнал еден истрел, се свртил и го видел М.С. во лежечка положба, зад паркираното возило. С.Ф. му пружил прва помош на повредениот, го ставил во возилото и се упатил кон Клиничката Болница во Битола.

Во Клиничката Болница - Битола повреденото лице е примено во Одделението за хирургија и извршена му е хируршка интервенција.

 

 

 

06.11.2017 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега