Македонската полиција трага по две деца и маж

Македонската полиција трага по три лица. Вчера во 01 часот и 40 минути во Полициска станица Велес, 38-годишниот Р.Д. од Велес пријавил дека претходната вечер околу 23,00 часот од семејната куќа се оддалечила неговата 14 годишна ќерка.

Во 20 часот и 40 минути во Полициска станица Прилеп, 27-годишната Ш.Џ. од Прилеп, пријавила дека истиот ден околу 15,30 часот од дома  во непознат правец се оддалечила нејзината 12 годишна ќерка. 

И 42-годишниот С.И. пријавил дека на 05. месецов околу 11 часот од нивниот семеен дом во непознат правец се одалечил неговиот брат, 47-годишниот Н.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

 

 

 

06.11.2017 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега