ВМРО-ДПМНЕ: Наместо живот за сите СДС донесе поскапа нафта, поскап паркинг и забрана за возење стари автомобили
Наместо живот за сите, градоначалниците на СДС донесоа поскапи паркинзи за сите, поскапа нафта, и најава за забрана за возење на постари автомобилим, реагираат преку писмено соопштение од ВМРО-ДПМНЕ
„Тоа е директен удар за економскиот стандард на граѓаните. Наместо за проекти градоначалниците на СДС се натпреваруваат кој поштетна мерка ќе донесе за граѓаните. Наместо суштински проекти тие ја замајуваат јавноста со мерки со кој ги ограбуваат граѓаните. Жално е што нивната неспособност ќе ја плаќаат граѓаните на Република Македонија. Поскапувањето на паркингот значи отстапница и повеќе пари за матни зделки на кадрите на СДС додека граѓаните не добиваат ништо корисно.“ - стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа