Братот на градоначалничката на Битола се самоповредил, не било пукано во него

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната средба со новинарите уште еднаш потврди дека повредениот со огнено оружје во неделата кај Ѓавато, кој е брат на градоначалничката на Битола Наташа Петровска се самоповредил и дека шпекулации се информациите дека во него било пукано откако претходно имало и физичка пресметка со лицето кое било со него.

Инцидентот во кој бил ранет братот на Петровска, 36-годишниот Михајло С. се случил викендот во близина на Ѓавато на магистралниот пат Ресен – Битола, по што во јавноста се проширија шпекуации дека не станува збор за самоповредување , туку дека во него било пукано, но дека МВР се обидува да го сокрие тоа.

 

Според полицискиот билтен, во неделата на 5 ноември во 23,55 часот во Секторот за внатрешни работи Битола, телефонски се јавил С.Ф.(43), кој пријавил дека во клиничката болница во Битола, пренесува повредено лице од огнено оружје.

 

 

 

08.11.2017 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега