Грчки портал пишува: На 11 и 12 јули 2018 година Македонија ќе влезе во НАТО

На 11 и 12 јули 2018 година Македонија ќе влезе во НАТО, пишува грчкиот портал „Диферњуз“. 

Порталот се повикува на дипломатски извори, кои прецизираат дека првично властите во Скопје ќе укинат дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“, а потоа прашањето за името ќе влезе во својата финална фаза. Oвој грчки медиум наведува дека постои јасна програма за решавање на спорот за името на Република Македонија меѓу властите во Скопје и Атина.

За време на самитот на НАТО, на 11 и 12 јули во Брисел, ќе има конечна одлука за името што ќе ѝ овозможи на Македонија да се приклучи кон северноатлантскиот пакт, пишува порталот и потсетува дека членството најпосле ќе се реализира, 10 години по грчкото вето против Македонија за време на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

До февруари мора да постои видлив напредок.  Според грчките дипломати, прашањето за Македонија повторно е во центарот на дипломатијата, а владејачкото мнозинство во Скопје ќе биде ставено пред многубројни тестирања, со кои ќе се соочи и главната опозициска формација.

„Диферњуз“ нагласува дека властите во Вашингтон инсистираат на брзо решавање на спорот за името.

Весникот „То Вима“ тврди дека Никос Коѕиас и и неговиот македонски колега, Никола Димитров, ќе изберат „задкулисни контакти за надминување на препреките“ и оти веќе постои „процес на два паралелни патишта“.

Во повеќе наврати и премиерот Зоран Заев изјави дека Македонија ќе биде 30-та членка на НАТО. 

 

 

 

08.11.2017 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега