Страшна несреќа кај Маврови Анови: Повредени родители и 4 деца

Шест лица се повредени, од кои четири деца, во сообраќајката што се случи на патот Маврови Анови - Дебар. Сообраќајот на патниот правец „Дебар - Маврово“ се одвива со наизменично пропуштање на возилата.

Според информациите на СВР Тетово сообраќајката се случила околу 16 часот кога патничко моторно возило Мерцедес со тетовски регистарски ознаки управувано од 46-годишниот Ј.Џ од Голема Речица се судрил со товарно возило МАН управувано од 43-годишниот М.Б од село Челопек. 

Во несреќата покрај возачот на мерцедесот повредени се неговата сопруга, 36-годишната Е.Џ и четири малолетни деца кои биле во автомобилот. Повредените деца, од кои едно потешко, се префрлени на скопските клиники. 

 

 

 

08.11.2017 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега