Нормализиран сообраќајот на патот Маврово-Дебар по страшната сообраќајка

Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово вечерва е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Поради сообраќајна несреќа, сообраќајот на овој патен правец беше најпрво прекинат во двата правца, од 15.40 часот, а од 19 часот се одвиваше со наизменично пропуштање на возилата.

 

Според информациите на СВР Тетово,  пред 16 часот патничко моторно возило мерцедес со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ (46) од Голема Речица се судрило со товарно возило МАН управувано од М.Б (43) од село Челопек.

Покрај возачот на мерцедесот, во несреќата се повредени и неговата сопруга Е.Џ (36) и четири деца кои биле во автомобилот. Тие се префрлени на скопските клиники. 

 

 

 

08.11.2017 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега