Конференција на началниците на генералштабовите на земјите членки на САД и Јадранската повелба

Денес (9 ноември), во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, ќе се одржи дваесет и првата Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).

Конференцијата ќе ја отворат НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и генерал потполковник Тимоти Реј, а свое обраќање до учесниците за време на конференцијата ќе има и Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов.

Главна тема на дваесет и првата Конференција на НГШ на армиите од земјите членки на А5 ќе биде ,,Проширување на соработката помеѓу А-5 земјите за целосна НАТО интеграција и придонес за безбедноста на Алијансата“.

На конференцијата, покрај началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски како домаќин, ќе учествуваат и заменик на командантот на командата на Армијата на САД за Европа, генерал потполковник Тимоти Реј, НГШ на вооружените сили (ВС) на Албанија бригаден генерал Бардил Колчаку, НГШ на ВС на Босна и Херцеговина генерал-потполковник Анто Јелеч, Директорот на ГШ на ВС на Хрватска Адмирал Роберт Храњ и НГШ на војската на Црна Гора, бригаден генерал Илија Даковиќ.

 

 

 

09.11.2017 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега